Талогот од кафето никогаш не го фрлајте – трикови како да го искористите

Сигурно многумина од вас секојдневно си прават домашно црно кафе и при миење на садовите се сте во дилма- што со талогот од кафето? Ви нудиме неколку идеи како овој отпаден материјал да го претворите во нешто корисно.

1.Отстранување на дамки од предмети од дрво – Дамките од дрвенаријата многу едноставно се отстрануваат така што талогот од кафе се нанесува на газа и потоа истријте го извалканото место. По тоа доволно е само со чиста крпа да го тргнете талогот и дамките ќе ги снема.

- Advertisement -

2. Со талог против инсекти – Против мравки и слични инсекти можете да се справите така што талогот ќе го нанесете на места каде што тие се наоѓаат. Иако на нас мирисот на кафе ни е доста привлечен, на инсектите со интензивниот мирис делува спротивно.

3. Против непријатната миризба во фрижидерот – Ако во вашиот фрижидер постојано се чувствува непријатен мирис, со ова многу едноставно ќе го решите. Талогот од кафе ставете го во тегла или сличен стаклен сад, кој отворен ќе го  оставите да стои 24 часа. Ова можете да го ставите и во садоперот или на некое друго место на кое ви стои до канта за отпадоци.

4. Пилинг за тело – Измешајте талог од кафе со мед и ќе добиете одличен пилинг за тело. По нанесувањето и испирањето на овој пилинг, вашата кожа ќе биде мазна и сјајна. Покра тоа што е добар за ваква намена, оваа смеса е одлична и за отстранување на целулитот.

- Advertisement -

5. Потхранување на цвеќе – Талогот од кафе кој ќе го измешате со вода, ке биде одлично потхранување за цвеќето во саксии, а многу е корисно за потханување на зеленчук како морков, магдонос и слично.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!