Таравари: Во Македонија има колективен имунитет, повеќе од половина од населението веќе го поминало вирусот

Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, кој по професија е доктор во изјава за Сител рече дека во Македонија има колективен имунитет и оти повеќе од половина од населението веќе го поминало вирусот.

-Се надевам дека ќе оди на подобро, сите ние посакуваме што порано да има вакцини иако сметам дека веќа има колективен имунитет во Македонија.

- Advertisement -

Повеќе од половина жители на Македонија веќе го поминаа Ковид-19.

Скоро една десетина се јавуваа и беа излечени државните институции. Другите го поминаа дома бидејќи имаат огромна недоверба во системот, рече Таравари.

Тој е незадоволен од досегашното справување со пандемијата од коронавирусот од страна на институциите. За него е смешно што досега ниту една вакцина не е пристигната.

- Advertisement -

-Да не е трагично би било смешно. Меѓутоа, состојбата е трагична само од први ноември до крајот на јануари има 1.500 починати во Македонија. Сме рангирани 10-ти во светот по смртност и по инфицирани на милион жители.

Додека во другите држави околу нас веќе скоро сите се вакцинираат во Скопје има само фрижидери и програма како ќе се вакцинираат, и ништо друго.

Дури, ви велам, смешно е дека премиерот се подготвува да причека вакцини на граница, па се одложува, па друга држава кажува дека не е регистирана вакцината и оти немаме програма за вакцинирање. Добиваме информации од други држави, посочи Таравари.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!