Тврдеше дека коронавирусот не постои: Инфлуенсер почина од Ковид-19

Украинската интернет ѕвезда, Дмитриј Стужук кој тврдеше дека вирусот Ковид-19 не постои почина како последици од оваа болест и тоа на возраст од 33 години.

Со вирусот се инфицирал во Турција. Кога се вратил во Украина излегол позитивен на тестот и завршил во болница. По осум дена бил пуштен дома, а потоа имал компликации со срцето кои биле последици на вирусот.

- Advertisement -

Поранешната сопруга на инфлуенсерот вчера објави дека тој починал.

„Димо повеќе не е со нас, неговот срце не издржа“, напиша Софија и додаде дека зад него “останале само добри спомени, три преубави деца и драгоцено искуство“. Тие двајца се развеле само шест месеци пред тој да се разболи. Имаат три цена, од кои најмладото е деет месеци.

- Advertisement -

Додека Стужук престојуваше во болница на Инстаграм објави фотографија од болничкиот кревет. Напиша дека еден ден се разбудил во Турција тешко дишејќи, а вратот му бил отечен.

- Advertisement -

„Сакам со вас да споделам дека се разболев и сакам да ги предупредам сите. Бев меѓу оние кои мислеа дека короната не постои, се додека сам не се разболев.

Короната не е само краткотрајна болест, и не е воопшто наивна“, напиша тој во објавата каде се гледа како лежи во болнички кревет и прима терапија со кислород.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dima Stuzhuk (@stuzhuk_dmitriy)

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!