Утре е Богојавление – Сите девојки треба да го стават ова под перница, а во четврток да замесат тесто за Водици

3 ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ кои ќе БЛЕСКААТ од среќа до 2025 година: Сите врати ќе им бидат отворени

Веќе пишувавме на кои знаци среќата ќе им се насмевнува до крајот на оваа година, а денес дознаваме кого ќе наградуваат ѕвездите во следните...

Утре се МЛАДЕНЦИ: Ако сакате да имате УСПЕШЕН брак, мора да ги почитувате ОВИЕ обичаи

Денешниот голем празник е посветен на брачните парови. Нашата православна црква и нејзините верници денес го слават големиот црковен празник Свети 40 Севастиски маченици,...

Баба Ванѓа: за да се заштитите од уроци и лоши очи, чувајте го ова во вашата куќа

Пророчицата од Петрич ги посочи токму овие материјални работи...

Богојавление Водици е еден од најголемите и најтешки христијански празници. Според Библијата, на овој ден се отворило небото и се слушнал божјиот глас. Според верувањата и обичаите, сите немажени девојки на големиот празник треба да стават огледалце под перницата, и ќе го сонуваат мажот со кој ќе се омажат.

Исто така, се верува дека сите девојки треба да направат тесто и да одвојат четири топчиња од него. Во три се става име на симпатијата, а едно топче останува празно. Топчињата се ставаат во врела вода, а она кое прво ќе излезе горе ја кажува судбината.

Ако Во Богојавленската ноќ на полноќ го отворите прозорецот и погледнете во небо, најверојатно ќе забележите дека и некој од вашите соседи го прави истото. Ова не треба да ве чуди…станува збор за прастар православен обичај!

18. јануари е Крстовден, голем христијански празник и првиот ден по Божик кога се пости. Во минатото се подразбирало на овој ден да се прават голем број ритуали и обичаи, но денес најголем дел од обичаите се поместени на Богојавление.

Сепак, главното нешто се случува вечерва! Штом ќе зајде Сонцето, во очи на празникот, христијаните почнуваат да се поздравуваат со „Бог се јави!“, а одговараат со: „Навистина се јави!“, а особено е важно да се остане буден до полноќ!

Имено, нашите стари верувале дека ноќта меѓу18. и 19. јануари е време кога небото се отвора и „Бог се јавува“. Според верувањето, Богојавление-јавувањето или објавата од Бог, се случува во текот на ноќта во очи на Богојавление, кога за миг се отвора небото за да се вкрстат ветровите што дуваат во зима со оние што дуваат во лето. Во тој миг сите води на светот престануваат да течат, а оној што ќе се затекне на отворено и ќе го види тоа, може од Бог да побара исполнување на една желба.

Денот кога е крстен Исус во реката Јордан
Според христијанското верување, во 30. година од нашата ера Исус Христос како дрводелец живеел со својата мајка Марија и нејзиниот сопруг Јосиф, а потоа го повикал Јован Крстител да го крсти во реката Јордан. Според Библијата, веднаш по крстењето, а тоа било извршено со три пати потонување во водата, се отворило небото и се слушнал гласот на Отецот Бог кој објавил дека Исус е негов син, а тогаш рамото на Исус слетал Светиот Дух во облик на гулаб. Со ова крштевање Исус го означил почетокот на својата мисија и проповедите.

Богојавление е еден од петнаесетте најголеми христијански празници. Него го карактеризираат и голем број други верувања и обичаи кои се практикувале во минатото. Се верува дека немажените девојки, доколку стават огледало под перница на 18 јануари ќе го сонуваат мажот за кој ќе се омажат.

Исто така во некои делови, малдите девојки месат по четири топчиња од тесто. Во три од нив ставаат ливче хартија со име од своите симпатии, а едно оставаат празно. Потоа топчињата ги ставаат во вода што врие и првото топче што ќе излезе на површина го носи името со љубовта на таа девојка. Доколку прво на површина исплива празното топче-тоа значи дека девојката сеуште не го запознала оној што и е суден.

Се верувало дека во време на Богојавление се претскажувало какво ќе биде времето цела година. Ако има голем мраз или врне снег, годината ќе биде родна. Ако биде ведро, ќе биде сушна. Доколку 19 јануари биде дождлив, цела година ќе има многу врнежи и поплави.

На овој ден се осветува водата за која се верува дека е лековита и чудотврона и се нарекува богојавленска вода. Неа верниците ја носат дома и ја чуваат како лек во текот на целата година. Богојавление се одбележува со традиционално фрлање на богојавленскиот крст и пливање по него.

АКТУЕЛНО

Луѓето ќе бегаат од своите домови, не чека мрачен период: Експертите предупредија на катастрофата која му се заканува на светот

Луѓето ќе бегаат од своите домови, не чека мрачен период: Експертите предупредија на катастрофата која му се заканува на светот…Ниту една земја на светот...

Германски нобеловец го запрепасти светот: Ракот се добива од овие две намирници

Истражувањата довело до заклучок дека две намирници можат да имаат значително влијание врз создавањето на канцерогени материи во човечкото тело. Германскиот научник и добитник на...

ДОКТОРКА ОД БРЗА ПОМОШ ПРЕДУПРЕДУВА! Сите што го правите ОВА сте во голема опасност, застанете денес!

Стефановиќ советува дека во најтоплиот дел од денот, од 10,00 до 14,00 часот, кој не мора, да не излегува од дома, а освен вода,...

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

3 ХОРОСКОПСКИ ЗНАЦИ кои ќе БЛЕСКААТ од среќа до 2025 година: Сите врати ќе им бидат отворени

Веќе пишувавме на кои знаци среќата ќе им се насмевнува до крајот на оваа година, а денес дознаваме кого ќе наградуваат ѕвездите во следните...

Утре се МЛАДЕНЦИ: Ако сакате да имате УСПЕШЕН брак, мора да ги почитувате ОВИЕ обичаи

Денешниот голем празник е посветен на брачните парови. Нашата православна црква и нејзините верници денес го слават големиот црковен празник Свети 40 Севастиски маченици,...
error: Содржината е заклучена!