Фантастична приказна на српскиот медиум за Горан Пандев: Човекот од кој сите треба да учиме

Тешко е да се замисли некој кој повеќе заслужил лично тој да постигне гол кој ќе го донесе најголемиот успех на својата репрезентација. Човекот кој никогаш не се откажа, конечно во својата 37. година до дочека тоа што го круниса како вистински фудбалски бесмртник, пишува српски „Спортклуб“ во текстот посветен на капитенот на македонската репрезентација, пренесува Слободен печат.

Македонија вчера со победата од 1:0 над Грузија обезбеди пласман на Европското првенство кое ќе се игра наредната година. Јунак на натпреварот е капитенот Горан Пандев кој со постигна единствениот гол на натпреварот по одличната акција во која учествуваа и Елиф Елмас и Илија Несторовски.

- Advertisement -

Репрезентацијата на Македонија е единствена од соседите кои ќе играат на ЕП и очекувано медиумите од регионот честитаат за големиот успех, а историскиот успех го искористија исто така да му оддадат почит на капитенот на македонската репрезтација кој конечно дочека во последната сезона во кариерата да игра на големо натпреварување.

„Како Македонците го прославија успехот на стадионот „Борис Паичадзе“? Многу логучно – на рамења го кренаа човекот без кој ова не беше возможно. Ниту пред пстигнатиот гол не постоеше дилема кој е најголемата личност во македонскиот фудбал – Горан Пандев, фудбалерот кој има највеќе настапи за македонската репрезентација (114) и постигна највеќе голови (36). Од своето деби за националниот тим во 2001 година, Пандев стана персонификација на македонскиот фудбал бидејќи виде се и во се учествуваше. Играше за Македонија кога во 2008 година го остврари најдобриот пласман на ФИФА ранг-листата (46), но беше и тука во 2017 година кога репрезентацијата беше дури 166 на истата ранг листа. Беше тука и кога се смени името на државата и името на фудбалската федерација, а настапуваше на националниот стадион кога се нарекуваше „Градски стадион“, па „Филип Втори“, а тука и кога се нарекува „Национална Арена Тодор Проески“. Во најтешкиот пораз на Македонија од 6:1 од Чешка во 2005 година, токму Пандев го постигна единствениот гол“, пишува меѓу другото во текстот посветен за Пандев.

Целиот текст кој е посветен на капитенот Горан Пандев може да го погледнете на следниот ЛИНК.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!