Филипче: Ако не се почитуваат мерките, може да има мини пик

Министерот за здравство, Венко Филипче, денеска во изјава за новинарите истакна дека по подолго време се намалува притисокот на здравствениот систем.

Филипче додал дека болниците се полупразни, дека мерките за заштита дале резултат, но предупредил дека може да има нов мини пик доколку не се почитуваат мерките за заштита од коронавирус.

- Advertisement -

„Многу од предвидувањата во врска со вирусот не се остварија, некои пак се остварија посебно во делот дека ќе има есенски пик. Со последните мерки и препораки имаме сериозен ефект во намалувањето на бројот. Болниците се полупразни. Морам да потенцирам дека здравствениот систем е спремен да пресретне и следен бран.

Нема да го смениме системот на реорганизација на јавно здравствените институции додека не поминат празниците, некаде до крајот на следниот месец. Така што, верувам дека граѓаните ќе продолжат да се однесуваат на овој начин”, рекол министерот.

Министерството за здравство попладцнево соопшти дека Македонија добила потврда од компанијата Фајзер и дека во февруари пристигнуваа првите дози на вакцината против коронавирусот.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!