Филипче: Не излегувајте од дома по 18 часот ако немате потреба- Славењето може да почека, здравјето не

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Состојбата со коронавирусот останува стабилна, но и натаму има голем број заболени и хоспитализирани лица. Вака министерот за здравство Венко Филипче ја отвори денешната прес-конференција.

– Имаме околу 150 слободни кревети низ цела Македонија. Вчерашната анализа упати на некои позитивни трендови, но тоа не треба да не опушти. Бројките се се уште високи и сериозни, па не смееме да си дозволиме поинаков пристап. Ја следиме и состојбата во регионот, каде што исто така има голем број заразени и починати. Модуларните болници се во фаза на поставување и тоа е нешто што во следниот период очекуваме да се заврши.

Во однос на вакцините за ковид-19, подготовката за прием, дистрибуција и вакцинација се одвива со одлична динамика. Ние направивме посети на економските оператори кои прифатија да бидат дел од нашиот систем и тие имаат солидни услови.

Единствено што недостасува се фрижидерите за температура до -70 степени Целзиусови. Активни сме на три полиња за набавка на вакцини. Прво, преку Ковакс системот и набавивме 800.000 вакцини за 400.000 граѓани, а и УНИЦЕФ се вклучува во помошта за транспорт на вакцините до нашата земја. Во петокот разговаравме со грчкиот министер за за здравство и нашата земја ќе може да смета за набавка на вакцини од Грција. Третиот механизам е преку Канцеларијата на европската делегација. Вакцините ќе бидат бесплатни, а приоритет ќе имаат здравствените работници, хронично болните и повозрасните. Вакцините ќе пристигнат во март следната година – истакна Филипче.

Вакцините се безбедни, тестирани, ја поминале фазата на развој, па апелирам да нема ширење паника и лажни вести во јавноста, додаде министерот.

– Примерната цел е заштита на населението и намалување на смртниот исход поради ковид-19. Целокупната состојба иако е стабилна и натаму е многу критична и во таа смисла Комисијата предложи нови мерки, а Владата ги прифати.

Тое е скратувањето на работното време на угостителските објекти, забрана за организирање новогодишни прослави, како и собири за верските празници.

Нема да има собири ниту во домовите, ниту во викендиците. Уште еден апел до граѓаните, а тоа е дека граѓаните да не излегуваат од дома без некоја голема потреба по 18 часот.

Од денеска ја започнуваме кампањата „Празнувај одговорно“ со цел да ја подигнеме свеста кај граѓаните. Потребно е сите заедно да бидеме одговорни и да не дозволиме најубавите мигови да се претворат во лоши спомени – рече Филипче.

НАЈЧИТАНИ ОБЈАВИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!