ФОТО: После ваква покана нема да дојдеме на свадба“ – невеста имала бизарно барање од гостите

Не е тајна дека за венчавката се трошат многу пари, но не мора така да биде за секој пар.

Ако парот одлучи да контролира колку ќе потроши на својата венчавка, се избегнуваат големи трошоци. Паровите кои не можат да си дозволат голема венчавка, долго штедат пари за тоа или одредуваат буџет до кој мора да се придржуваат.

- Advertisement -

Сепак, една невеста не била среќна со идејата за штедење и сакала да си ги врати парите што е можно поскоро, пренесува „Mirror“. Внуката на оваа невеста на Редит опишала на кој начин таа сака да заработи на својата венчавка.

„Венчавката на тетка ми е во недела. Не сме премногу блиски, но имаме коректен однос. Објави дека планира на секој гостин да му наплати влез на венчавката.“

Станува збор за 50 долари. Додала и дека невестата рекла дека парите може да се уплатат електронски, а оние кои ќе го направат тоа ќе бидат ВИП гости, бидејќи нема да мора да чекаат на влезот додека останатите плаќаат. Рекла дека одлучила да не дојде на нејзината венчавка, бидејќи не може да си дозволи толкав трошок.

- Advertisement -

Иако родителите ѝ понудиле да го платат влезот за неа, таа одбива да ја поддржи оваа луда работа. Нејзината објава на Редит набрзо собрала повеќе од 2000 коментари, а повеќето корисници се согласиле со неа и ја поддржале нејзината одлука.

Една корисничка напишала: „Ова е најапсурдната работа која сум ја слушнала. Не е вообичаено да им се наплаќа на луѓето за венчавка. Ако не можат да си дозволат венчавка без наплаќање, требало да го намалат бројот на гости.“

- Advertisement -

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!