ФОТО: Сопругот го запознала на 7. години, а на 14. го родила првото дете – денес имаат најмногу деца во Британија

Семејството Редфор е познато во Велика Британија, но и пошироко, и тоа не не чуди – со оглед на тоа колку членови го сочинуваат. Сју (44) и Ноел (48) има 21 дете, а неодамна облодениле дека го чекаат 22-то.

Среќните вести ги споделила мајката Сју и тоа на Јутјуб каналот каде покажала фотографија од ултразвук.

- Advertisement -

„Луѓе, да знаете – ќе добиеме бебе. Бремена сум 15. недела, а наскоро ќе го дознаеме полот“, рекла таа и додала дека терминот ? во април.

Таа истакнала дека се надева дека ќе има момче.

- Advertisement -

„Би било убаво да имаат 11 девојчиња и 11 момчиња“.

Најстариот син на овој пар е 30-годишниот Крис, а најмладата е ќерката Бони Реј која е родена оваа година во ноември, а само две деца не живеат со родителите.

- Advertisement -

Живеат во куќа со десет спални соби, а кога станува збор за финансии, извори на пари се платата на таткото, кој работи како пекар, а и 170 фунти неделно детски додаток. Пари добиваат и од реклами на Инстаграм, каде ги следат скоро 140 илјади луѓе.

Инаку, Сју истакнала дека се потребни 350 фунти неделно за да се прехрани семејството, а открила дека секоја вечер поминува најмалку 3 часа средувајќи го домот, како и дека машината за перење алишта е постојано вклучена.

Интересно е дека Сју и Ноел се запознале кога имала само 7 години, а оваа „супермама“ како што ја нарекуваат Британците, првото дете на свет го донела кога имала 14 години. После раѓањето на деветтото дете, Ноел се одлучил за реверзибилна вазектомија, но парот сепак се предомсилил па Ноел повторно отишол под нож.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!