Цели два часа лежеле со мртво бебе а потоа се случило чудо

Од време на време се појавуваат приказни кои ни покажуваат дека чуда сеуште постојат. Кејт и нејзиниот сопруг Дејв од Австралија, со нетрпение ги очекувале своите близнаци кои поради комплкации морале да се родат во 27мата недела.

Женското бебе Ели кога се родило веднаш почнало да плаче но за жал момчето Џејми не, и по 20 минути реанимација прогласен е за мртов.

Среќата одеднаш се претворила во ноќна мора и покрај тоа што сокторите ги убедувале дека бебето е мртво и дека треба да го предадат, Кејт не го испуштала од својата прегратка со надеж дека ќе се разбуди.

Долторите излегле од собата и ги оставиле родителите со мртвото бебе, а тие така лежеле цели два часа обидувајќи се да го затоплат неговото ладно тело.

Тие долго време се обидувале да имаат деца и сега кога конечно успеале неможеле да се помират со смртта, но наеднаш почувствувале како бебето се помрднало и за чудење на докторите тоа почнало да дишеи сите останале шолирани.

-Среќа е што мојата сопруга е храбра и решителна и го послуша својот инстикт, само поради неа е Џејми жив -рекол Дејв По две недели во болница и двете бебиња и мајката ја напуштиле болницата живи и здрави.

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!