Цел живот мечтаете за убав и зелен тревник, но не ви успева – пробајте го трикот со шеќер и сите ќе ви завидуваат

Ако сакате тревата да ви биде во убава, зелена боја, треба да ѝ ставите шеќер. Ова нее ешега, експертите докажале дека обичниот бел шеќер многу повлно делува на тревата.

Со него се хранат корисни бактерии, инсекти и други бубачки, лесно се нанесува, евтин е, ни децата ни животните нема да имаат алергиски реакции што е чест случај кога се нанесуваат специјални хемикалии или други видови ѓубриво. Шеќерот исто така ќе ја зајакне тревата, а истовремено ќе го намали растењето на коровот.

Хемиските препарати и хебрицидите се лоши и често ги уништуваат и корисните микроорганизми и инсекти кои го збогатуваат земјиштето, што не е случај со шеќерот. Со него се хранат организмите кои ќе допринесат за подобра искористеност на азотот, ќе влијае на поинтензивна фотосинтеза, ќе го стимулираат растот на коренот на тревата.

Исто така, корисните микроорганизми кои ќе се хранат дсо шеќерот ќе допринесат за подобра структура на земјиштето и ќе направат тревата да биде помалку чувствителна на топлината, сушата или студеното време.

Многу е лесно да се нанесе шеќер на тревникот, не ви треба никаков посебен сад, ниту морате да водите сметка рамномерно да го нанесете. Не треба да се грижите дека може да ви ја изгори тревата.

Шеќер по тревата може да истурите неколку пати во првата година затоа што ќе треба многу време од земјата да се исчисти вештачкото ѓубриво и да се вратат добрите бактерии.

Кога земјата и тревникот че закрепнат ќе биде доволно тоа да го правите два пати, на есен или на пролет. ПОткако ќе истурите шеќер, темелно наводнете го тревникот.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!