Што е правилно: Лепче со паричка за Бадник или Василица?

Тра­ди­ци­о­нал­но, во Ма­ке­до­ни­ја се­мејс­тво­то се со­би­ра на ве­че­ра на Бад­ник.

Се под­го­тву­ва бо­га­та тр­пе­за иск­лу­чи­тел­но со пос­на хра­на: пи­ту­ли­ци, сар­ма, грав, ком­пир, ри­ба, зел­ник, овош­је и дру­го, што тре­ба да обез­бе­ди бо­гат род на зем­јо­дел­ски­те кул­ту­ри во следната го­ди­на.

- Advertisement -

Во се­ко­ја ку­ќа се ме­си крав­ја­че, пи­та или по­га­ча во ко­ја се ста­ва па­ра. Си­те при­сут­ни во сво­јот дел од крав­ја­че­то ја ба­ра­ат па­ра­та и тој што ќе ја нај­де се сме­та за нај­среќ­ни­от во го­ди­на­та што прет­стои.

Во не­кои кра­и­шта од зем­ја­ва, пак, аде­тот со кр­ше­ње­то на леп­че­то со па­рич­ка се пра­ви на Ва­си­ли­ца. Некои од цр­ков­ни­те ли­ца се сог­ла­су­ва­ат де­ка за Бад­ник тре­ба да си до­ма.

Но, ве­лат, леп­че­то со па­ри­че­то оста­ве­те го за Ва­си­ли­ца. Оби­ча­јот на Бад­ник да сед­не­ме на ма­са и да кр­ши­ме леп­че со па­рич­ка не е цр­ко­вен, ту­ку фолк­ло­рен оби­чај.

- Advertisement -

– Единс­тве­но оправ­да­но пре­да­ние што цр­ква­та го ка­жу­ва се­ко­гаш е де­ка па­рич­ка­та се кр­ши са­мо на Ва­си­ли­ца и тоа е по­вр­за­но со жи­во­то­пи­сот на све­ти­от Ва­си­лиј Ве­ли­ки. Та­му има ед­на случ­ка ко­га тој, ко­га до­а­ѓал ца­рот што са­кал да го раз­ур­не гра­дот, со­би­рал пари за да го под­ми­ти, на не­кој на­чин да го оми­ло­сти­ви да не го пра­ви тоа, да не им на­ште­ти на лу­ѓе­то – об­јас­ну­ва Отец Бо­бан од скоп­ска­та епар­хи­ја.

Спо­ред не­го, ца­рот за­ги­нал и не до­шол до гра­дот, по што све­ти­от Ва­си­лиј Ве­ли­ки се ис­пра­вил пред ди­ле­ма­та ка­ко да им го вра­ти богат­ство­то на лу­ѓе­то.

-А не да­вал се­кој исто. Тој на­ре­дил на град­ски­те фур­ни да за­ме­сат ле­бо­ви и да исту­ра­ат па­рич­ки, ка­де кол­ку ќе им дој­де. По Бож­јо чудо, се слу­чи­ло кој кол­ку дал тол­ку и да му се вра­ти. Ток­му по­ра­ди тоа пре­да­ние ние ја од­бе­ле­жу­ва­ме се­ко­ја Ва­си­ли­ца со ста­ва­ње па­рич­ка во леп­че­то. Ние се се­ќа­ва­ме на чу­до­то што го на­пра­вил Бог пре­ку све­ти­от Ва­си­лиј Ве­ли­ки – ве­ли Оте­цот.

- Advertisement -

– Ка­ква ка­те­го­ри­ја е сре­ќа­та?! Ме­не ќе ми пад­не па­рич­ка­та и јас ќе имам сре­ќа. Зо­што Бог би изд­во­ил не­ко­го да би­де по­сре­ќен од дру­ги­те за­тоа што ќе му пад­не па­рич­ка?! Јас сме­там де­ка тој оби­чај, кој е по­ве­ќе фолк­ло­рен откол­ку ре­ли­ги­о­зен и вер­ски, тре­ба полека да уги­ну­ва за вре­ме на Бад­ник и да се пра­ви за вре­ме на Ва­си­ли­ца – до­да­ва отец Бо­бан.

Сепак на луѓето им останува да си го направат својот избор, дали лепче со паричка ќе има на Бадник или пак на Василица.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!