Божиќ е еден од најголемите верски празници, а традицијата е полна со убави обичаи до кои многу верници се придржуваат. Меѓутоа, кога Боижиќ ќе помине, често сме сведоци на тажните слики: бадникови дрвца фрлени по улиците и тоа главно крај контејнерите и кантите за отпадоци.
Што треба да се направи со бадниковото дрвце после Божиќ е најчесто прашање кое се поставува овие денови. Како што православието наложува, бадниковото дрвце треба да се остави негде во природа, но многу е важен начинот на кој тоа се прави.
Не треба да се остави со додатоците со кои се продава по маркетите. Значи, отстранете ги украсните додадоци, а самото гранче и листовите оставете ги во шума или парк. Оставањето со непотребните додатоци претставува непочит кон верата.
Не оставајте го гранчето на бетон, два чекори од контејнер, туку покрај некое дрво.
Бадниковото гранче се нарекува и дрво на животот, исто како она дрво на животот во рајот што симболично дава вечност. Како што дабовото дрво најдолго држи жар, така оној што ќе си постави во домот верува дека го чека вечен живот дури и по смртта.
Бидејќи дабот симболизира долговечност, здравје и издржливост народните верувања велат дека со внесување на дабовите гранчиња во домот неговите особини ќе се пренесат на сите оние луѓе што живеат во тој дом.