Урмите се толку здрави што се неопходен дел од нашето мени. Тоа што се многу слатки и вкусни само им оди во прилог. Се’ што е треба е една недела секој ден да јадете по три урми. Еве што ќе се случи во вашето тело ако го почитувате ова правило…
1. Коските ќе ви бидат поздрави – Минералите што ги содржи сувото овошје, како што се фосфор, калиум, калциум и магнезиум, ги јакнат нашите коски и се борат против болестите како што е остеопорозата.
2. Метаболизмот ќе ви работи како часовник – На метаболизмот му требаат влакна, а урмите содржат изобилство од влакна. Урмите ја спречуваат појавата на запек, болките и сето она што ја попречува нормалната работа на цревата. Научниците докажале дека оние што редовно јадат урми, немаат никакви проблеми со метаболизмот.
3. Ќе заборавите на стресот и депресијата – Урмите содржат витамин Б6, кој му помага на телото да создава серотонин, кој го подобрува здравјето на мозокот. Серотонинот го регулира вашето расположение, а норепинефринот се бори со стресот. Науката докажала дека ниското ниво на витамин Б6 е директно поврзан со депресијата. Колку повеќе витамин Б6 внесувате во организмот толку подобро ќе се чувствувате физички и психички.
4. Ќе бидете полни со енергија – Урмите се богати со влакна, калиум, магнезиум, витамини и антиоксиданси, што ги прави совршена ужина. Тие даваат трајна експлозија на енергија, благодарение на шеќерите што ги содржат, како што се фруктоза и глукоза.
5. Срцето ќе ви биде благодарно – Истражувањата покажале дека урмите го намалуваат нивото на триглицериди и го намалуваат оксидативниот стрес, а тоа се главните фактори за ризик од срцеви болести и атерогенеза. Урмите се богат извор на калиум, кој го снижува крвниот притисок и го намалува ризикот од мозочен удар, како други болести на срцето.
6. Ќе го намалите ризикот од рак на дебело црево – Урмите ги штитат нашите црева од штетни бактерии и на тој начин го спречуваат ширењето на дебелото црево. Луѓето кои редовно консумираат урми имаат добри бактерии што ја спречуваат појавата на рак на дебело црево.
7. Ќе заборавите на алергиите – Урмите се познати антиалергени. Ги спречуваат симптомите на речиси сите алергени.
8. Значително ќе ослабите – Урмите имаат таков состав што го прочистуваат телото од отрови, маснотии, го подобруваат варењето, а тоа доведува до губење на телесната тежина.