Ја изгубија битката со коронавирусот: Познати личности кои починаа во 2020 година

Поради пандемијата коронавирус оваа 2020 година ќе биде запаметена како најлоша година.

Оваа година починаа многу познати македонски личности. Некои ја изгубија битката со коронавирусот, а некои од нив починаа поради други здравствени заболувања.

Како последица од вирусот Ковид 19 почина водителот и музичар Драган Вучиќ. Вучиќ почина на 65. години во Клиниката за инфективни и фебрилни болести, каде што бил хоспитализиран поради компликации предизвикани од коронавирусот.

Од коронавирус, еден месец по смртта на Драган Вучиќ почина и диџејот Ристо Мелоски познат како Ицко од Антена 5 радио. Тој исто така почина на инфективната клиника на 48-годишна возраст.

Македонскиот фолк-пејачк Блаже Богев почина оваа година на 68-годишна возраст. Неколку години наназад се бореше со тешка дијагноза, тумор на малиот мозок.

Ѓорѓи Желчески, познат од дуото Селимова Желчевски почина на 82 години во Белград, во февруари годинава.

Веста за смртта на лидерот на Сојузот на Ромите, Амди Бајрам беше исто така голем шок за јавноста. Бајрам почина во октомври годинава на 64-годишна возраст. Неговиот син изјави дека по смртта на Бајрам семејството било информирано дека станува збор за мозочен удар. Откако посмртно Бајрам беше тестиран, беше соопштено и дека бил позитивен на вирусот Ковид 19.

Во септември оваа година почина и доајенот на македонската музика Нина Спирова, на 82-годишна возраст.

На 17 ноември, на 84. година од животот почина Љубисав Иванов – Ѕинго, поранешен претседател на Фудбалскиот Сојуз на Македонија (1993-1999), долгогодишен истакнат фудбалски работник, прв човек на ФК Силекс и почесен претседател на Фудбалската федерација на Македонија.

На почетокот на месец декември во Битола на 67-годишна возраст почина Благоја Стефановски-Баге, поранешен министер за култура и долгогодишен директор на Битолскиот театар. Имал здравствени проблеми, а бил и позитивен на коронавирусот.

По неколку дена од смртта на Баге, битката со вирусот ја изгуби и заменик градоначалникот на Град Скопје, Енвер Малиќи.

Извор: Press24.mk

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!