Ја труела колешката од работа поради бизарна причина: Цела година и носела кафе а од скриените камери ја дознала вистината

Вработена во агенција за осигурување од градот Браа во близина на Кунео, Италија, иставала таблети во кафето на нејзината колешка повеќе од една година, со цел да ги намали нејзините работни способности, бидејќи се плашела од конкуренција.

Работничката, чие име не се открива, стравувајќи дека ќе остане без работа во случај на намалување на вработените во агенцијата, ја затрула својата колешка со апчиња за спиење, но била фатена и осудена, а во текот на целиот процес ја негирала својата вина.

- Advertisement -

По извршените лекарски прегледи, жртвата утврдила дека нема симптоми кога била далеку од работа, па се сомневала дека причината за нејзината состојба е на работа.

Ги повикала сите вработени на помош, а тие со скриена камера и анализа на шолји за кафе утврдиле дека нејзината колешка од работа редовно ја труела.

Обвинетата секој ден им носела кафе од блиското кафуле на своите колеги, а тоа го користела за да истури апчиња како што е бензодиазол во чашата на нејзиниот ривал, со цел да и предизвика дремливост, бавни рефлекси и други непријатности што влијаат на нејзините работни перформанси.

- Advertisement -

Според весникот Ла Стампа, „трујачот“ бил шокиран од пресудата и најавил жалба.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!