Ако се борите со наезда на мравки во вашиот дом, испробајте ги овие трикови кои коштаат помалку од 10 денари

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Затоплувањето на времето секоја година ги носи истите проблеми и непријатности во домот, на кои луѓето треба да мислат и реагираат. Едни од нив се мравките.

Надвор во природата, тие се корисни и потребни за одржување на еколошка рамнотежа, но во домот стануваат вистински непријател на хигиената и чистотата.

Како да се ослободите од здодевните мравки? Најлесно и наједноставно е да се набави некој хемиски препарат од земјоделска аптека кој ефикасно ќе ги отстрани. Но, што ако мравките ве „нападнале“ за време на викенд, ако аптеките и продавниците се затворени или во моментот од некоја друга причина не сте во можност да набавите такво средство?

Без очајување, постојат природни состојки, храна и слично кои ги имате дома, а можат да ви бидат од помош против мравките.

-Краставици – малку е познато дека мравките не можат да го поднесат мирисот и вкусот на краставиците и бегаат со брзина на светлината од места кадешто го има овој зеленчук. Особено лушпата од краставиците, која за нив е отровна.

–Оцет – ефикасен продукт кој секој од нас во секое време го има во кујната. Испрскајте мала количина кадешто се собираат мравките и со гаранција ќе ги снема.

–Нане – исто така, нешто што вообичаено им се наоѓа на домаќинките при рака. На местата од кадешто влегуваат во просторијата поставете ситно суво нане, а работа може да заврши и вреќичка за чај.

–Цимет – мравките мразат јак мирис, токму таков каков што има циметот.

НАЈЧИТАНИ ОБЈАВИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!