Брат брата НЕ РАНИ, но тешко му на оној КОЈ ГО НЕМА!

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

“Брат брата не храни, но тешко на оној кој го нема.” Секој кој има брат или сестра, знае колку вистина и мудрост има во овие зборови.

Еве една убава приказна за моќта на братската љубов и сететe се дека ако имате брат или сестра, вие сте неверојатни среќници. Чувајте ја оваа љубов и не дозволувајте таа да се сруши поради имот, семејни спорови и ситни сметки.

Двајца браќа работеле заедно во семејната фарма. Едниот бил женет и имал многу деца. Другиот бил сам. На крајот на денот двајцата браќа го делеле сето подеднакво – профитот и плодовите на заедничкиот труд.

Еден ден осамениот брат рекол: Не е фер да делиме се подеднакво. Јас сум сам и немам потреба од којзнае што. Затоа почнал секоја вечер да зема по една вреќа брашно од својот куп, и се протнал тајно во нивaта меѓу нивните домови, го фрлал на братот својот куп.

Во исто време семејниот брат си мислел: “Не е фер да делиме се подеднакво. На крајот на краиштата јас имам семејство, имам жена и деца, кои ќе ме гледаат на старост.” Затоа секоја ноќ земал по една вреќа жито и го фрлал на братот својот куп.

Секоја година двајцата браќа многу се зачудиле зошто резервите  од жито не им се намалуваат. И тогаш, една темна ноќ, двајцата браќа се соочиле еден во друг. И така разбрале што сиправеле толку време. Ги пуштиле вреќите и се прегрнале.

Извор: Semesinapovo.mk

НАЈЧИТАНИ ОБЈАВИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!