Бугарска пратеничка: На светот му стана јасно дека кирилицата е бугарска азбука

„Никогаш не престанавме да и подаваме рака на Македонија. Бугарија ја призна независноста на Македонија пред 30 години со цел да добие независност од Југославија. Бугарија направи се што е можно за да можат другите земји да го признаат.Со промената што ние од ВМРО и Обединетите патриоти ја предложивме во Трудовиот законик на 24 мај – тоа е веќе факт.

Историската вистина беше обновена. На светот му стана јасно дека кирилицата е бугарска азбука. Со промена на словенското писмо со бугарско во името на празникот, ние му даваме тежина на бугарското писмо. Покажуваме дека кирилицата е основа на словенската литература.“ вели Марија Цветкова, пратеничка во бугарскиот парламент од редовите на ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, во гостување во „Темите“ на бугарската ТВ „Европа“.

Измените на 9 декември го поминаа второто читање во Народното собрание на Република Бугарија, со што празникот доби нова формулација: „24 мај – Ден на Светите браќа Кирил и Методиј, на бугарската азбука, просвета и култура и на словенската книжевност“.

„Не се откажуваме од делото на светите браќа Кирил и Методиј. Претходно тие не беа дел од формулацијата на празникот. За првпат и тие учествуваат во неа, така ние ја покажуваме нашата почит кон нивното дело. Формулацијата меѓу првото и второто читање претрпи промени, благодарение на спроведените дискусии со научниците и претставниците на Бугарската академија на науки (БАН)“, рече Цветкова.

Таа зборуваше и за Македонија и ветото од Бугарија.

„Бугарија не ја сопре Македонија кон ЕУ. Бугарија во последните години направи сѐ што е возможно Македонија да стане членка на ЕУ. Потсетувам дека Бугарија прва ја призна Македонија пред 30 години. Ѝ ја призна независноста за да може Македонија да добие независност од Југославија. Бугарија направи сѐ што е можно и други држави да ја признаат.

Ние подаваме рака на Македонија, на нашите собраќа, зашто имаме заедничка историја. Две држави – еден народ. Властите на РС Македонија очигледно не сакаат таа да влезе во ЕУ. Не може да ги почнат преговорите за во ЕУ ако тоа е во спротивност со бугарскиот национален интерес. Ние ќе продолжиме да им помагаме, да подаваме рака на Македонија, но тоа нема да го правиме за сметка на кражбата на историјата или говорот на омразата“, категорична е сопартијката на Каракачанов

„РСМ треба да си го реформираат образовниот систем – не може да пишува дека сме фашистички окупатори и татари, а ние трпеливо да чекаме тоа да го променат. Треба да запре кражбата на бугарските историски личности – лидерите и водачите на ВМРО – Гоце Делчев, Даме Груев, Тодор Александров. Тие кажале дека се Бугари, тоа го пишува во нивните лични документи.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!