Одењето во црква за секој од нас има смисла само доколку ги испочитуваме правилата кои го чистат срцето и душата и ни помагаат да воспоставиме мир и рамнотежа. Во спротивно, правиме грев.
Исто така, како ни кај пријатели што не одите со празни раце, така ниту во црква не се влегува без ништо. Свеќи, пари, чаша вино, што и да имате. Низ тој дар се принесува „жртва“ на Бог и така човекот го благословува она што го поседува.
Во црква е најдобро да се отиде во рана зора, а да се замине кога ќе заврши боголсужбата. Бидејќи, ако заминете пред да заврши литургијата го правите она што и Јуда кога излегол од Тајната вечера. Кога завршува литургијата сите заминуваат дома и не треба да се запира ниту да се врти назад се до својата врата.
Зошто палиме свеќа во црква и што значи тоа – следниот пат сетете се на ова
Сите ние кога ќе отидеме во црква најчесто палиме свеќа, но малку од нас знаат навистина каква е симболиката на свеќата и значењето на овој христијански чин.
- Ја симболизира чистотата на нашата душа, зашто е направена од чист восок.
- Мекоста на душата врз која можеме да напишеме било што.
- Божјата Благодат, зашто восокот доаѓа од мирисни цветови.
- Обожувањето, кое треба да го достигнеме, зашто таа се пали со оган и го храни.
- Светлината Христова, која ја гори и осветлува темнината.
- Љубовта и мирот, особини на секој Христијанин, зашто, додека гори, таа со својата светлина го просветува и утешува човекот кој е во темнина.
Палејќи свеќа ние треба да се потсетиме дека треба да живееме во светлината која сме ја добиле преку крштевањето (просветување).