Crassula ovata (Красула овата) е сукулент кој е познат како Долар дрво, поради неговите меснати и заоблени листови кои потсетуваат на некогашните кованици од еден долар.
Познат е и како Дрво на парите, поради верувањето дека има магична моќ да ги привлече парите.
Одгледување Се одгледува на директно сонце или во блага сенка, во супстрат со добра дренажа.
Премногу силно сонце може да доведе до оштетување (изгореници) на листовите. Во периодот кога расте треба да се полева редовно со умерена количина на вода.
Помеѓу две полевања супстратот треба да се остави да се исуши. Во зима се полева многу малку или воопшто не се полева доколку е во простории со пониска темература.
Премногу вода може да доведе до опаѓање на листовите. Минималната температура која ја толерира е околу -1 °C.




