(ВИДЕО)Ја изгубила чантата пред 65 години, а сега работниците ја пронашле и биле шокирани кога виделе што има внатре

Порталот „Дали се сеќаваш“, кој е опишан како „најголемата заедница на носталгичари и вљубеници во 40-тите, 50-тите и 60-тите години“, објави приказна која брзо стана вирална.

Имено, во далечната 1954 година, една девојка ја изгубила чантата, а истата била пронајдена шест децении подоцна, речиси недопрена! Додека учела средно училиште во Индијана, некој ја нашол зад старо шкафче.

Да не беа пронајдените работи во чантата, ќе беше тешко да се процени од кој период и година е изгубена чантата, земајќи ја предвид модата која постојано се враќа. Докажаа дека е ид 1954 година

Покрај личната карта и картичката за социјално осигурување, имаше исечоци од весници, распоред за кошарка во средното училиште Џеферсон од 1953-1954 година, кармин, омоти за гуми за џвакање Juicy Fruit, распоред на автобуси и неколку пораки напишани на хартија.

Лицето кое го пронашло, објавило објава на Фејсбук, а благодарение на технологијата набрзо е вратено во рацете на сопственикот кој живее на Флорида.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!