Во домот пронашол лажен штекер – се стаписал кога видел што има внатре

Јуан Врајт од Шкотска си купил нова куќа, а внатре сфатил дека има штекер кој не работи.

Се решил да го поправи, па побарал помош од пријател, но она што го видел не го ни очекувал. Имено, штекерот бил само лажен, а позади него се криел мал сеф, наместо кабли за струја.

Тие нашле стара картичка за банкомат, на која рокот и истекол во 2006. година, а ја нашле и сметката од сефот.

– Повеќето луѓе кога ќе купат нова куќа добиаат долг, ние добивме интересна приказна, вели Јуан кој бил изненаден дека некој може да смили таков трик за да го прикрие сефот.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!