И покрај неочекуваното наследство, Турчинот најавил дека ќе продолжи да работи во хотелот. Дознал за богатството кога хотелот го контактирале службени лица од Велика Британија, барајќи да разговараат со некои вработени од персоналот.
Огромно изненадување доживеал Турчинот Таскин Дасдан, вработен во хотелот “Корумар” во Ајдин во Турција, кога добил телефонски повик од Велика Британија. Тој наследил мало богатство од неодамна починатиот Англичанец Чарлс Џорџ Кортни, кој секоја година доаѓал во споменатиот хотел.
Дасдан почнал да работи во популарното одморалиште во 1990-та година и низ годините се спријателил со Кортни. „Чарлс често зборуваше со персоналот и беше популарен гостин. Во хотелот сите ги третираме еднакво. Се однесуваме кон нив како да се семејство, а не туристи”, изјавил Дасдан за турските медиуми, пренесува “The Sun”.
Открил дека знаел дека Кортин е дарежлив бидејќи една му дал пари за образование на неговите деца, но утврдил дека никогаш не очекувал ништо повеќе од него и дека го шокирала веста за тоа дека токму тој ќе наследи најголем дел од богатството.
И покрај неочекуваното наследство, Турчинот најавил дека ќе продолжи да работи во хотелот. Дознал за богатството кога хотелот го контактирале службени лица од Велика Британија, барајќи да разговараат со некои вработени од персоналот. „Добивме телефонски повик од Англија откако Чарлс почина и ни кажаа дека ни оставил значаен дел од својот имот”, рекол тој
Имено, освен Дасдан, уште неколку вработени од хотелот наследиле пари. Колку точно ќе добијат не е познато, но се знае дека во случајот со Дасдан станува збор за доволно пари за да не мора повеќе да работи.