„Газдата ги зема парите и избега, за да не изгорат“, вели сопругата на починатиот возач на Итна Помош

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Сопругата на починатиот возач на Брзата помош, Иле Гоцевски, кој пожртвувано ги превезуваше повредените во трагичниот пожар во Кочани, во кој загинаа 59 лица, во потресна исповед за српски медиум открива детали за тоа што се случило тој ден и што ѝ рекол нејзиниот сопруг кога тргнал на задачата.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ избувнал во ноќта меѓу саботата и неделата. Загинаа 59 лица, претежно млади, додека повеќе од 150 беа повредени. Еден од сопствениците на дискотеката е уапсен, како и уште 13 лица.

Иле Гоцевски, возач на Брзата помош, почина откако ги превезуваше повредените од дискотеката „Пулс“ во Кочани. Неговото срце не издржа поради стресот што го доживеа од незапамтената трагедија.

„Првиот повик го доби во 2:50 часот, не знам дали во тој момент другиот возач беше на работа. Ми рече дека гори дискотека. Не знаеше што го очекува таму. Тргна со амбулантното возило, виде дека има пожар, дека одат пожарникари. Ги виде децата како излегуваат запалени од дискотеката и сами влегуваат во возилото на Брзата помош. Тој влезе во дискотеката и ги виде мртвите. Живите деца почнаа да паѓаат внатре. Мораше да ги земе и да ги пренесе во комбето“, ја почнува својата исповед Анета.

„Газдата не беше ни таму, само го видоа во еден момент како ја зема кесата со парите од пазарот и побегна од дискотеката за да не изгорат парите, а за децата не му беше гајле, тие гореа во дискотеката. И повредените деца, кои беа свесни, сами влегуваа во комбето. Мојот Илчо пренесе 32 души во комбето. Некои ги однесе до болницата во Кочани, некои во Штип, а некои во Скопје. Тоа траеше цела ноќ. Додека пристигнаа првите возила на Брза помош од Делчево, Берово и од цела Македонија, помина повеќе од еден час, толку им требаше. И тие што стигнаа по еден час, тој беше првиот што влегуваше и вдишуваше честички од пожарот“, вели Анета за српски „Ало“.

НАЈЧИТАНИ ОБЈАВИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!