Граѓаните повеќе не мора да одат на шопинг во Врање: “Лидл” отвора компанија во Македонија

Германскиот трговски синџир “Лидл” регистрира компанија во нашата земја, а ќе биде управувана од нивната филијала од Бугарија.

Според “Фактор“, оваа компанија за малопродажба во петокот ја регистрирала подружницата Лидл Cеверна Македонија Дооел со седиште во Центар, со паричен влог од 500.000 евра.

Сопственик е германската матична компанија “ВЕ-Интернационал Цвајте ГмбХ од Некарзулм”.

Сепак, субјектот специјализиран за трговија на мало претежно со храна, пијалаци и тутун ќе биде управуван од Софија, од бизнисмените Милена Емилова Драгијска, Бисер Борисов Инчовски и Љубомир Манолов Хрсев.

Според описот на нивните надлежности и ограничувања, „Лидл“ планира да вложи над 10 милиони евра во продавница и да купи земјиште поголемо од 10.000 квадратни метри.

Минатата година се пишуваше за интересот на „Лидл“ да стартува со една продавница во Македонија, односно со објект кој сам ќе го гради, но истата информација остана непотврдена.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!