Девојката која по 248 часа беше спасена од урнатините: Не сакав да се откажам

Седумнаесетгодишната Алејна Олмез беше спасена од урнатините 248 часа по разорните земјотреси што ги погодија јужна Турција и Сирија. Таа беше извлечена од под урнатините во населбата Кајабаси во Кахраманмарас.

Таа моментално се наоѓа на лекување во болница во Анкара, а во средата ја посети турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговата сопруга Емине. Таа е среќна поради посетата на претседателот и првата дама на Турција.

- Advertisement -

„Нашиот претседател дојде во посета, се чувствував добро, се чувствувам горд. Убаво е чувството да се има толкава поддршка“, изјави Алејна. Како што рече, поминала низ тежок период.

„Се борев, не сакав да се предадам. Сите ми даваа голема поддршка и ми помогнаа. Ви благодарам многу за се“, изјави Алејна. Нејзината тетка Ѓулер Думан рече дека е среќна што Алејна била спасена од под урнатините.

„Не очекувавме дека тоа ќе се случи, но кога излезе Алејна беше чудо за нас. Доживеавме и радост и тага во исто време“, рече Думан, кој им се заблагодари на сите, особено на лекарите кои се грижеа за Алејна.

- Advertisement -

Откако Алејна беше извлечена од урнатините, д-р Џенгиз Дилбер рече дека е неверојатно што таа е во толку добра здравствена состојба со оглед на тоа што била под урнатините 248 часа.

„Бевме изненадени што нејзините телесни функции се добри и што функцијата на бубрезите не и е влошена. Тоа е неверојатна работа. Нејзината здравствена состојба е многу добра. Секако дека има трауми“, изјави тогаш Дилбер, пишува Анадолија.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!