Денес, поради развојот на индустријата и науката, тешко е да се разликува синтетика и памук, скај и кожа, вистинска овошна ракија од некоја со арома.
На неодамна одржана дегуистација на ракија познат енолог, експерт за вина, Никола Биорчевиќ открил како да се провери квалитетот на ракијата. Тој завршил и технологија на јаки алкохолни пијалоци и стручен е да зборува на оваа тема.
-Малку ракија истурате на дланката, протријувате и оставате да се исуши. Тогаш ја мирисате дланката. Ако е вештачка арома или било што друго што не е од природно потекло, на температура на дланката од 37,2 степени ќе испари многу брзо.
Останува она од што е само ракијата направена. Тоа важи за ракија од сливи, кајсии и за другите овошни ракии. Така секогаш ќе можете да дознаете на што е базата на ракијата.
За сите вештачки ракии главно базата е тиква или јаболка или компир, најевтините сировини, а потоа се додава вештачка арома. Тоа е според мое мислење измама на потрошувачите. Но, еве ви откривам како да не бидете измамени – рекол Биорчевиќ.
Тој вели дека со помош на дланките може да откриете дали во ракијата има додадено шеќер. Треба да се сипе во дланка, да се протрие со другата дланка и да се почека. Кога потоа двете раце ќе се спојат и раздвојат, ако има додатен шеќер рацете ќе се лепат, вели енологот.
Пет причини зошто треба да се пие ракија!
Конзумирањето на ракија може да донесе неколку здравствени предности, секако доколку не се претерува со количината. Доколку вашата поубавата половина ве нападне поради дружењето со ракијата, кажете и барем еден од овие аргументи.
Го продолжува животниот век Преголема количина на ракија, а и на било кој алкохол дефинитивно ќе ви го скратат животниот век, но умерена количина може да ви го продолжи.
Ослободува од стресот Доколку пиете во умерени количини, ракијата ќе делува на нервниот систем, така што ве опушта. Повторуваме, секако доколку е умерени количини.
Го намалува ризикот од мозочен и срцев удар. Одлична работа кај ракијата е тоа што спречува створување на наслаги од холестерол во вашиот кардиоваскуларен систем, така што помага да се намали количината на холестерол. А тоа драстично ја намалува опасноста од срцев и мозочен удар.
Помага во превенцијата од настинка Веројатно не сте знаеле дека ракијата може да служи како одличен сируп за кашлање. Исто така алкохолот помага за убивање на сите бактерии во грлото. Најдобар ефект ќе постигнете ако го измешате со топла вода и лимун.
Не здебелува Еве одличен аргумент – за разлика од газираните или некои „природни“ сокови, ракијата е алкохол со мал број калории. Со пиењето на ракија го смалувате холестеролот и не ја зголемувате килажата.
Се ова важи ако се конзумира во умерени количини секако.