Едвај сврзувал крај со крај, а еден ден се се променило – со само ДНК тест станал милионер

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Џонатан Адлар Роџерс целиот свој живот бил сиромашен, а еден ден наследил огромно богатство.

Џонатан цлиот живот сврзувал крај со крај, обидувајќи се да докаже дека е син на аристократот Чарлс Роџерс, меѓутоа тој одбивал да направи ДНК тест. Бидејќи се починати и мајката и  и баратот на Чарлс, по неговата смрт Џонатан го наследил целото богатство од 50 милиони фунти.

-Му понудив да направиме ДНК тест уште кога бев многу млад, но тоа не се случи и потоа кога имав 18 години повторно чукнав на неговата врата и прашав дали може да направиме тест, а тој ми рече да побарам адвокат и судски да го направиме тоа.

Му напишав уште неколку писма, но никогаш не добив одговор, па стапив во контакт со неговиот помошник. Тој исто така ми кажа дека не сака да направи ДНК тест, но еден ден се јави и ми кажа дека Чарлс е мртов- раскажал Џонатан.

Чарлс починал од предозираност, а во последните неколку месеци од животот живеел во автомобилот наместо во вилата. Џонатан вели дека неодамна и тој станал татко и дека никогаш нема да заборави од каде доаѓа и  дека ќе помага на луѓето.

НАЈЧИТАНИ ОБЈАВИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!