Како една фотографија го промени животот на една мајка

Бриџит Вајт е мајка на две деца кои успеале да ѝ го променат живото но и мислењето за себе, само преку една необично убава фотографија.

Се изненадила кога помеѓу многуте фотографии забележала една на која воопшто не изгледа добро. Ја фотографирале нејзините деца додека лежела на плажа, без да забележи.

„Во истиот момент кога сакав да ја избришам фотографијата во собата влезе мојот син. Морав да го прашам: „Дали знаеш нешто за оваа фотографија?“. Ја погледна и се насмеа: „Тоа беше на Тахо, изгледаше прекрасно, па морав да те фотографирам“- раскажува Бриџит.

Била лута на синот, сè што таа гледала на фотографијата биле само нејзините маани. Тогаш дошла и нејзината ќерка која ѝ ги кажала истите коментари: „Толку си убава, ја обожавам оваа фотографија“.

Но, Бриџит, колку и да се трудела да го види она што нејзините деца го гледале, не успевала. „И понатаму на таа фотографија гледав дебела жена, која со црниот костум за капење само го прикрива вишокот килограми“.

Открила дека никогаш не била премногу слаба и секогаш била свесна за тоа. Но, нејзините деца направиле нешто неверојатно. Кога дознала што мислат тие за нејзиниот изглед, сфатила дека во неа има многу поголемо нешто, многу позначајно од бројот на килограми, нешто што ја прави убава.

Денес Бриџит има најмногу килограми во последните 10 години, но на плажа носи бикини и летни фустани. Понекогаш се прашува дали и годините влијаеле на нејзиното размислување, покрај влијанието на нејзините деца, но не се заморува со барање на дополнителни причини.

„Веќе не го мразам своето тело. Сепак, не отстапувам од вежбањето и здравата исхрана. Тие работи и понатаму ќе ги применувам, бидејќи сакам да бидам здрава. Моментално го сакам својот изглед онаков каков што е. Сакам да се гледам себе на начинот на кој ме гледаат децата.

Ви благодарам, деца. – порачала Бриџит.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!