Една келнерка на „Reddit“ споделила фотографија со чудна порака која некој гостин ѝ ја оставил покрај бакшишот од 1.000 долари. Како што објаснила, на купувачот му дала сметка во износ од 129 долари, па се изненадила кога видела дека човекот ѝ оставил поголем бакшиш и од самата сметка.
Сепак, кога подобро ја погледнала сметката имала што да види. На неа биле испишани вулгарни зборови. „Прекрасни брадавици принцезо, јави ми се“, пишувало на сметката покрај телефонскиот број, а гостинот се потпишал како „господар“.
Следеле бројни коментари на социјалната мрежа „Reddit“: „Кутра девојка“, напишал некој корисник, а друг додал:m„Би се чувствувала толку непријатно кога би ја добила оваа порака“.
Во меѓувреме други сугерирале дека т.н. бакшиш е само трик и дека било која банка нема да му дозволи да даде бакшиш со својата кредитна картичка, поголем од сумата на сметката.
„Значи, ја третирал келнерката како ѓубре и се извлекол од тоа што требало да биде барем бакшиш од 20 долари“, додал друг корисник.