Англија во изминатите неколку дена откри повеќе илјади случаи на зараза со нов вид на коронавирусот. Овие случаи најмногу се забележани на југот на земјата.
Иако здравствените власти во Англија уверуваат дека не станува збор за опасен вид на Ковид-19, научниците од две причини внимателно ја следат ситуацијата.
Првата причина е што овој вид се наоѓа во подрачја каде има поголем број на заразени, што би можел да биде лош знак. Имено, вирусот може да мутира на тој начин при што полесно би се ширел и со тоа предизвикува повеќе инфекции. Експертите сега работат на експерименти во лабораторија за да утврдат дали е тоа случајот.
Друга причина заради што медицинските експерти внимаваат на овој вид е начинот на кој што се создал.
„Има изненадувачки голем број на мутации, повеќе од што очекувавме, а неколку од нив изгледаат многу интересно“, изјавил микробиологот Ник Ломан, кој е дел од тимот кој ја идентификувале оваа сорта.
„Постојат два основни сета мутации, и двете се наоѓаат на клучниот протеин „spike“. Овој протеин е еден вид клуч што вирусот го користи за отклучување на вратите на клетките во нашето тело за потоа да ги нападне. Во мутацијата Н501 променет е најважниот дел на протеинот. Притоа, секоја промена која му го олеснува влезот во клетките на вирусот, најверојатно го забрзува неговото ширење. Ова ми изгледа како важна адаптација“, додаде тој.