Личниот лекар на Тито тврди: Не беше личноста која се претставуваше

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Личниот лекар, д-р Александар Матуновиќ, е едно од луѓето од придружбата на Јосип Броз Тито, кој се посомневал и подоцна тврдел дека има докази дека Тито не е личноста како што се претставил.

Тој го лекувал маршалот од 1975 до 1979 година, односно скоро до својата смрт, а едно нешто секогаш му паѓало во очи. „Тито имаше мала акт-торбичка, ми се чини направена од змиска кожа. Тој секогаш ја носеше со себе. Содржината на торбата, покрај со клучот, беше обезбедена со мал катанец.

Во два наврати – влегувајќи во неговата соба, го затекнував како претура низ торбичката. И двапати беше со грб свртен кон вратата, а чантата му беше во скут. Кога влегов, тој ја затвораше чантата брзо. Тој се однесуваше како човек фатен во недозволена активност. Така знаев дека во торбичката има некои за него, значителни работи“, рече Матуновиќ.

Дури по смртта на Јосип Броз Тито на 4 мај 1980 година, лекарот се сетил да провери што има во чантата што толку многу го копало: „После неговата смрт, се распрашував кај комисијата за уредување на наследството на Тито што нашле во таа торба.

Еден од членовите на комисијата, Звонко Костиќ, ми рече дека покрај златен накит, го пронашле и уверението за смртта на Даворјанка – Зденка Пауновиќ, од 1 мај 1945 година, извод од матичната книга на венчани со Јованка Будисављевиќ од во 1952 година, слика на Пелагија Белоусова (првата сопруга на Тито)“, открива тој, но додава дека тоа не било сè…

„Имаше и копија од извештајот на Австро-унгарското Министерство за војна, од есента 1915 година, кој содржи список на австриски офицери, подофицери и војници кои загинале за време на битката во Галиција.

На списокот беа и името на капларот Јосип Фрањо Броз. Пронајдениот извештај го поддржува сомневањето, односно мислењето дека Тито не е Јосип Фрањо Броз од Кумровец, туку дека друго лице се крие зад тоа име“, заклучил Матуновиќ.

НАЈЧИТАНИ ОБЈАВИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!