Експертите предупредија на катастрофата која му се заканува на светот…Ниту една земја на светот нема да ги избегне негативните ефекти на климатските промени, но најсиромашните жители ќе бидат најтешко погодени.
Глобалната климатска криза ќе исели повеќе од милијарда луѓе од своите домови во наредните 30 години, а еколошките катастрофи ќе доведат до масовни миграции и големи вооружени конфликти, покажува новото истражување.
Регистерот за еколошки закани, кој го составил Институтот за економија и мир од Сиднеј, проценил дека до милијарда и 200 милиони луѓе пирум светот ќе бидат иселени од своите домови до 2050. година.
Ниту една земја на светот нема да ги избегне негативните ефекти на климатската криза, но најсиромашните жители ќе бидат најтешко погодени. “Еколошките закани и климатските промени претставуваат сериозни предизвици во глобалниот развој и мир.
Најсиромашните земји соочени со еколошките крахови се поподложни да искусат социјални немири, политичка нестабилност, социјална делба и фрагментација, како и економски крахови”, се наведува во извештајот. Користените податоци се превземени од меѓународни организации, помеѓу останатите и Обединетите нации, како и претходни истражувања кои ги спровел сиднејскиот институт.
Користејќи ги тие податоци, тие пресметале дека најголемите закани се растот на бројот на жители, недостатокот на вода, несигурност во снабдувањето со храна, суши, поплави, циклони, растечките температури и нивото на морето.
Утврдено е дека повеќе од милијарда луѓе живеат во 31 држава, кои се означени како земји со ниска издржливост кога се во прашање еколошките промени.Најранливи делови од светот се субсахарска Африка, јужна Азија, Средниот исток и северна Африка, пишува Објектив.