Маќеа остана бремена со својот 15 години помлад посинок по 13 години брак со таткото (ВИДЕО)

Руската инфлуенсерка Марина Балмашева (35) објави дека очекува дете со својата 15 години помлад посинок Владимир.

Марина Балмашева, која е sвезда на социјалните мрежи во Русија, неодамна откри дека се верила со својот 20-годишен посинок Владимир, кратко време откако се развела од неговиот татко Алексеј, со кого била во брак 13 години. Сега, преку Инстаграм, каде ја следат 413 илјади луѓе, откри дека е бремена, објавувајќи емотивно видео во кое му го дава на Владимир позитивниот тест за бременост.

“Уморна сум од криење. Во овој свет, сè е можно. Јас сум бремена четири недели. Затоа решивме да се венчаме”, напиша таа заедно со видеото.

Патем, Марина и Владимир се познавале уште од кога тој имал седум , а таа 22 години. Таа неодамна сподели 13 години стара фотографија на Инстаграм на која се гледаат заедно во време кога таа штотуку ја започнала врската со неговиот татко.

Руските медиуми пишуваат дека Марина и нејзиниот поранешен сопруг Алексеј посвоиле пет деца и дека во моментот живее со Владимир и трите деца што ги посвоила заедно со неговиот татко. Другите две деца живеат со Алексеј.

Марина стана позната во Русија со тоа што го документирала своето слабеење на социјалните мрежи, а пред три месеци била гостинка во руското телевизиско шоу Pryamoy Efir , каде зборувала за нејзината врска со 15 години помладиот посинок.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Марина Балмашева (@marina_balmasheva)

Таа рекла дека нејзиниот живот со Алексеј бил монотон и дека е многу несреќна поради тоа и почнала да добива тежина, додека,а како што тврди, нејзиниот живот со Владимир ја одржува млада.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!