Научниците откриле како да препознаете заразен човек со Ковид-19 без симптоми

Кај младите луѓе кои што немаат типични симптоми на заразата коронавирус, се појавуваат некои промени на кои што треба да внимавате.

Клиничката манифестација на Ковид-19 во последно време е сè помалку изразена или пак целосно отсутна кај децата и адолесцентите. Таквите случаи кои што се заразени со коронавирус ги нарекувамеасимптоматски случаи.

За разлика од вообичаените симптоми – температура, кашлање, грозница, губење на сетилото за вкус и мирис, овие инфицирани луѓе речиси немаат никакви знаци на болеста, барем не онакви какви што ќе ги забележите на прв поглед.

Американско истражување објавило резултати од тројца млади пациенти кај кои што бил дијагностициран потежок облик на Ковид-19. Двајца од нив имале „поразлични симптоми“, но биле преносители на болеста.

Промените на кожата, како што се еритематозен осип, уртикарија и акни кои што личат на сипаници, се појавиле кај 18 од 88 пациенти заразени од Ковид-19, во претходна студија.

Овие симптоми се развиле на почеток на инфекцијата коронавирусили пак во текот на престојувањето во болница и немале никаква врска со потежок облик на клиничка слика. Во случајот на горенаведените тројца пациенти, промените на кожатаги зафатиле екстремитетите, особено стапалата.

Прво се појавиле во вид на розови дамки кои што за некое време преминале во пурпурни, а потоа во улцеронекротични промени на кожата, за потоа повторно да се вратат во „нормална“ состојба.

Заклучокот би бил дека кај младите луѓе нема типични симптоми на инфекцијата коронавирус, а во поголем дел од случаите тие пројавиле промена на кожата, но истражувачите велат дека оваа теорија треба уште подетално да се испита.

Извор: Espreso.rs

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!