Милоста Божја е неизмерно голема, нема крај, но замислете кога на таа голема милост вие своето срце го дадете на мајката Божја!
Многу маки ќе нè снајдат сите нас, тоа е едноставно живот – Богородица ги гледала маките на својот син со најголема болка што може да ја доживее една мајка.
Богородица знае што е неправда, знае како боли, секогаш е тука да ги штити праведниците и да го моли нејзиниот Син да му даде помош на секој што страда на правдата.
Никогаш не заборавајте да го спомнете името на Пресвета Богородица пред да си легнете! Не заборавајте и да кажете и молитва кон Пресвета Богородица.
А кога ќе се најдете во неволја, или ќе ве снајде некоја неправда или сте потиштени поради некои случувања во вашиот живот, прочитајте ја оваа молитва:
„Преподобна царице моја, Моја Пресвета Надеж, прибежиште на сиромашните, заштитничка на патниците, помошничка на оние во беда и заштита на оние што се злоупотребени.
Види ја мојата мака, види го моето страдање. Од сите страни сум опкружен со искушенија, а нема никој да ме брани, Ти сама ми помогни затоа што сум немоќен.
Нахрани ме како туѓинец, води ме како да сум во заблуда, излечи ме и спаси ме како безнадежен. Немам друга помош или заштита, немам утеха освен Тебе, Мајко на сите неволни и оптоварени.
Затоа, погледни ме мене, грешник и потиштен, покри ме со твојот Пресвет покрив за да се избавам од злата што ме опкружија и секогаш ќе го славам Твоето славно име. Амин!