Најнов повик од руски доктор: „Една работа пред вакцинацијата е забранета, може да доведе до сериозни проблеми“

„На денот на вакцинацијата не смее никако да се консумира алкохол“, вели еден од најпознатите руски доктори, проф. д-р Јевгениј Брин.

„Било какви лекови не треба да консумирате истовремено со алкохол. Освен што е токсичен, алкохолот го ослабнува дејството на вакцината и негативно влијае на вашиот имунитет“, објаснува д-р Брин.

Вакцината „Спутник V“ не смее да ја примаат ниту деца до 18 години, за нив ќе бидат направени посебни дози, како и за бремените жени.

Вакцината не смее да им се дава на луѓе кои што имаат повисока температура од 37 степени целзиусови, како и на оние кои што се заболени од некои инфективни болести или пак имаат потешки хронични заболувања.

Особено е важно и тоа дека вакцината не треба да им се дава на луѓето кои што имаат алергија на некои од компонентите од кои што истата е направена.

Што се однесува до бремените жени, произведувачите не сакаат да влегуваат во ризични ситуации, па поради тоа не се препорачува ниту за нив.

Интересно е тоа што во Русија, но и во многу други земји од светот бремените жени кои што биле заразени со коронавирус раѓале здрави деца.

Докторите тврдат дека мајката која што е заразена со коронавирус не може да го зарази плодот кој што го носи во себе.

Но, сепак сите руски лекари предупредуваат дека бремените жени треба да внимаваат од било каква зараза, а не само од коронавирусот.

Произведувачите на вакцината сметаат и дека мајките кои што ги дојат децата не треба да бидат вакцинирани. На тој начин ќе се избегнат било какви компликации.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!