Евтин и брз совет за упорните нечисти површини помеѓу плочките. Никој не сака да ги гледа валканите фуги во својот дом, но тоа не е редок проблем во многу домаќинства.
Сите знеме дека нечистотиите лесно можат да се ‘вовлечат’ меѓу плочките, а не е лесно да се отстранат. Освен тоа, црната боја помеѓу фугите прави купатилото или кујната да изгледаат многу повалкано од што навистина се.
Сепак, фугите не треба да се чистат со жица, бидејќи на тој начин ќе се оштетат плочките околу нив. Пробајте да ги остраните со помал предмет, како четка за заби. Така ќе бидете попрецизни, а и ќе исчистите без да оштетите нешто.
Едноставно – натопете ја четката во избелувачот, па тријте го просторот помеѓу плочките. Избришете ги фугите со влажна крпа и оставете да се исушат. Можете да направите и сопствена паста за чистење.
Потребни состојки:
- сода бикарбона
- оцет
- вода
Подготовка: Измешајте ги состојките, натопете ја четката, па со неа тријте ги фугите додека не ја извадите цела нечистотија.