Кога ја јадеме оваа риба, вели д-р Кординг, добиваме многу протеини, витамин Д и антиинфламаторни омега-3 масни киселини.
Конзервирањето ја одржува храната свежа и за јадење, особено храната која е склона кон развој на различни патогени, а во процесот на конзервирање храната поминува низ процес на стерилизација.
Нутриционистот д-р Џес Кординг вели дека, според мислењето на струката, најздрава конзервирана храна се сардините, но и другите конзервирани риби кои се пристапен извор на протеини, но и одржливи и не бараат долга подготовка или варење.Како што објаснува, употребата на конзервирана риба во исхраната има бројни здравствени придобивки.
„Конзервираните сардини имаат тенденција да имаат пониска содржина на жива од многу други видови риби и се сметаат за еден од најдобрите избори на морска храна, особено ако свежата не е достапна“, рече д-р Кординг.
Кога јадеме сардини, додава д-р Кординг, добиваме многу протеини, витамин Д и антиинфламаторни омега-3 масни киселини, а маслиновото масло обезбедува мононезаситени масти здрави за срцето.
Експертите препорачуваат две до три порции конзервирана риба неделно, измешана со тестенини или сама, а можете да ја додадете и во разни салати.