Ова е единствениот град во Југославија во кој зачекор Хитлер – Еве како бил пречекан

Југословенската држава имала долга традиција на антифашистичкото движење и борба против Хитлер и нацистите.

Затоа оваа епизода од историјата најчесто поминувала незабележана и ретко се спомнувала – постоел еден град во Југославија кој Адолф Хитлер го посетил и тоа веднаш по окупацијата.

На почетокот на војната појавувањето на Хитлер во јавноста станале поретки. Германскиот диктатор најголем дел од времето го проминувал расправајќи за воените стратегии и од таа причина престојувал во неговиот штабови.

Доколку и се решил за некоја посета, тоа најчесто биле посети на воените бази додека јавните настапи пред маси на улиците, истите оние кои допринеле за неговата огромна популарност неколку години подцна, станале вистинска реткост.

Посебен „тип“ на посетите на Хитлер биле кратки, ненајавени излети во штотуку окупирани територии кога фирерот ненадејно се појавувал на улиците на некој ново освоен град и на тој начин покажувал дека тој, наводно, многу му значи.

Такви биле неговите осети во 1940 година во места во Белгија каде се борел за време на Првата светска војна, како и обиколка на Париз кој за него, како неостварен уметник, бил доста значаен.

Посета на Словенија била сместена во тој „тип“ на посети иако причината поради која Хитлер ја одбрал токму оваа покраина од целата Југославија никогаш нема да биде најјасна. Туку така Марибор, втор по големина град во Словенија станал единственото место во Југославија кое Хитлер го посетил.

Германија ја нападнала Југославија на 6 април во 1941 година. Југословенската армија капитулирала на 17 април. Веќе на 26 април Хитлер се прошетал низ улиците на Марибор.

Германскиот диктатор го обиколил градот, ги примил претставниците на тамошните Германци и заповедниците на новоформираната окупаторска власт. Приредена е и приредена на која настапил хор на локални девојчиња, а во дворот пред градскиот двор фирер извршил смотра.

За време на заминувањето Хитлер го испратиле илјадници ентузијастични граѓани на Марибор, а неговиот придружник, германскиот дипломат Валтер Хевел запишал:„Хитлер беше многу среќен. Приемот беше фантастичен“.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!