Ова сите го користат за да потемнат, но не се свесни за опасноста: Дерматологот Адемовиќ откри каква грешка правиме

Додека на море уживаме во сончањето, не размислуваме на тоа како влијае на нашата кожа. Потемнетата кожа изгледа привлечно, несовршеностите помалку се гледаат, па подготвени сме да се „печеме“ во солариум до изнемоштеност, па уште и мачкатаме масло за побрзо да поцрниме.

Дерматологот Александар Адемовиќ во емисијата „150 минути“ кажа дека таквото однесување може да ни се удри од глава. „Кожата го памети и она што сме и го правеле во текот на животот некогаш ќе ни се врати. Негде од Коко Шанел започнало, од 60-те години, темната кожа да се смета за нешто убаво.

Овде Турците биле 500 години, па белината, белата кожа на жената било нешто што е ин, сега тоа е страшно, сите девојки одат во солариум, па дури тогаш почнуваат да носат кратко. Шега на страна, озонската обвивка повеќе не е онаква каква што беше, низ децениите ја уништувавме и дојде до тоа да не биде филтер, да не е селектор на количината енергија која доаѓа преку УВ зрачење.

Тоа значи дека во периодот од 10-100 до некаде 16 часот е далеку поголема радијацијата отколку што беше некогаш и нашата кожа повеќе го нема тој капацитет за да може да не заштити“, рекол докторот. Докторот појаснил и на кој начин нашата кожа се штити од штетното зрачење.

„Нашата кожа не штити со здебелениот розев слој, се зголемува рефлексијата, тоа е она кога некој ќе си дојде од море па вели дека кожата му се перути, а всушност кожата го исфрла оној дел кој повеќе не ѝ треба. Вториот дел е создавање пигменти, значи впивање што е можно поголема количина енергеија и некој процес во кожата кој се случува исто така ја амортизира таа врелина.

Меѓутоа, кожата во тој дел од денот повеќе не е во состојба тоа да го направи, без оглед на тоа колку ќе ѝ помогнеме со нанесувањето на средства за УВ заштита, во тој дел од денот нема да заштити ништио освен некоја специјална гардероба која нема да пропушта УВ зрачење“, рекол докторот.

Каде и да отидете на одмор ќе видите луѓе кои продаваат кантарионово масдло, маслиново и други масла, кои помагаат побрзо да потемниме. Меѓутоа, дерматологот предупредува дека не е паметно да се користат.

„Да започнеме од кантарионоит, тој е лек за се. Штом ќе дојде пациент со промена на кожата и го прашуваме дали нешто мачка – кантарионово масло. Инаку мачкаат раствор од кантарион пред сончање, што е голема грешка, затоа што самото кантарионовот масло ја зголемува чувствителноста на кожата на УВ зраце. Така што кога ќе намачката кантарионово масло многу побрзо ќе изгорите“, рекол Адемовиќ.

Докторот истакнал дека постојат препарати на база на растенија, но и намирници кои штитат од зрачење, но тоа дефинитивно не се кантарионово масло и маслиново.

„Постојат билки кои во себе содржат одредени принципи кои не штитат од УВ зрачење, да речеме ако јадете грозје, во самите семки има елемент кој не штити, потоа црната чоколата, црвениот портокал, зелена салата, посебно кристалката, алгите…

Доста од тие растителни препарати може да не заштитат, дури на пазарот постојат неколку препарати од некои билки. Значи постојат препарати кои штитат, но ниту кантарионот ниту маслиновото масло нема да ве заштитат од УВ зрачењето“, кажа докторот.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!