Ова писмо кое го објавиjа некои странски портали предизвика бројни споделување и коментари. Но неговата автентичност тие неможат да ја потврдат.
Едно 16-годишно момче отишло на средношколска екскурзија во странство. На враќање, на аеродромот со нетрпение го чекала неговата мајка. Кога го видела својот сакан син, со солзи во очите се втурнала кон неговите прегратки…..
Толку силно го гушнала што не сакала да го пушти. Момчето налутено изустило дека не е веќе мало дете и дека се срами поради ваквото искажување на мајчинска љубов пред неговите другари. Ваквите зборови ја повредиле неговата мајка….
Нејзиното срце било скршено мислејќи дека нејзиниот син повеќе не ја сака. По шест години момчето требало да патува повторно за странство и иако веќе било на 21 годишна возраст, неговата мајка повторно го испратила до аеродромот…
Но овој пат не го прегрнала! Со солзи во очите и трепетен глас му се обратила со зборовите: ” Збогум сине , грижи се за себе! ” Кога момчето се вратило, мајка му не го чекала на аеродромот како порано. Но кога пристигнало во својот дом, на масата здогледало вазна со цвеќиња и до неа писмо од неговата мајка.
Љубопитноста го натерала веднаш да го прочита писмото….. Но пред самиот крај од писмото, паднало на колена, плачејќи. Во писмото пишувало : ” Сине мој, кога пред 6 години се врати дома , во очите мои имаше радосни солзи и те прегрнав силно.
Сега, кога го читаш ова писмо јас нема да сум веќе меѓу живите…. Бев болна од рак…. Кога замина последниот пат, не те прегрнав …туку се свртев , за да не те засрамам пред другарите. Но плачев многу, бидејќи знаев дека тоа е последен пат кога те гледам.
Те сакам многу и ќе се грижам за тебе од небото . Со многу љубов … МАМА . “