“Овој сируп за искашлување го препорача еден педијатар на ТВ и додека сум жива ќе му бидам благодарна!”, вели жената која го објави овој рецепт, за кој тврди дека многу и помогнал.
Овој рецепт го препорача еден педијатар на телевизија, па од кога знам за него дома немаме сува кашлица, а продуктивната кашлица многу брзо поминува. Дури и она грепкање во грлото и чувство дека имате нешто да искашлате ама не можете, го решеваме со помош на овој сируп.
После една силна пневмонија пиевме сумамед еднаш во два месеци а сега веќе немаме потреба. Можеби децата пораснаа и зацврстеа, а можеби овој сируп е многу добар. Пробајте го па кажете ми дали сум си умислила во главата или нависина е ефикасен. Како и да е, јас на овој доктор ќе му бидам вечно благодарна, додека сум жива.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг црвен кромид, но може и обичен кромид иако овој е најдобар, 500 г мед, 10 ловорови листови, може повеќе или помалку.
ПОСТАПКА: Излупете го кромидот, исечкајте го на четвртинки, ставете го во тенџере заедно со ловоровиот лист (по можност во оние садови за готвење без вода) и додадете што е можно помалку вода. Јас ставам околу 100-200 мл вода.
Се готви поклопено на најтивко, околу еден час или повеќе. Ако водата испари додадете уште, постојано да има најмалку 100-тина мл. Процедете на густа цедалка или уште подобро преку газа, бидејќи лекот е посилен колку што имате помалку отпад.
Убаво истискајте да излезе што повеќе и погусто.Кога ќе излади помешајте го со медот и чувајте го во фрижидер. Се пие како сируп, трипати дневно, по две супени лажици, а ефектот се чувствува веднаш после првиот ден.
Од оваа количина обично добивам една тегла од 1 кг, иако многу зависи од самиот кромид. Смесата би требало да биде желатинеста, но се случува да излезе и течна, пак и ова зависи од тоа колку добро е процедено.
Јас вадам од содржината и ставам малку на оган или може и во микробранова да се потстопли и да стане течно, па потоа им давам на децата.
Иако кромидот е основа за овој лек, вкусот не е лош бидејќи ловорот доста го подобрува, но вие можете ако сакате да си додадете и каранфилче или цимет за уште повеќе да го подобрите.
Од лушпата на кромидот можете да сварите многу ефикасен чај за искашлување: измијте ги лушпите, сварете ги минута-две во вода и веднаш процедете. Ако ги варите предолго и не ги процедите веднаш, чајот станува малку горчлив.