Продолжете си го животот за 10 години: Пијалок кој е најздравата комбинација од природата

Пијалок кој го продолжува животот за повеќе од 10 години, ова е најздравата комбинација од природата… Ви го претставуваме магичниот еликсир за долговечност!

Состојки: 1) 4 моркови; 2) 3 јаболки; 3) Сок од половина лимон; 4) Мало парче излупен ѓумбир (околу 2cm). Начин на подготовка: Ставете ги сите состојки во соковник и добиениот сок веднаш испијте го.

Морков: Морковот го подобрува видот, штити од рак, кожата ја прави млада и здрава, а исто така добар е и за срцето, забите, го прочистува организмот и штити од срцев удар.

Јаболка: Јаболката го јакне имунитетот, помага при слабеење, ја подобрува работата на бубрезите и црниот дроб, штити од болести во усната празнина, го подобрува варењето на храната, го штити срцето и крвните садови, го ублажува стресот, уморот и несоницата, штити од бактериии вируси и спречува неколку видови рак.

Лимон: Лимонот го чисти црниот дроб и ја подобрува неговата работа. Тој е природен антисептик и антиоксиданс, го спречува грипот, настинката и многу други инфекции, помага при желудочни тегоби, помага при варењето на храната, ја подобрува работата на цревата и го олеснува нивното празнење.

Исто така, го спречува гингивитисот и стоматитисот, помага при намалување на крвниот притисок и зголемување на нивото на добар холестерол, ги ублажува грчевите и болките во мускулите, го регулира метаболизмот, штити од стрес и депресија, го намалува ризикот од мозочен удар, го спречува создавањето на камен во бубрезите и штити од остеопороза.

Ѓумбир: Ѓумбирот ги олеснува желудочните тегоби и надуеноста, ја ублажува кашлицата и болката во грлото, го олеснува гадењето (особено морска болест, утринска мачнина, гадење предизвикано од движење и гадење поради хемотерапија).

Ѓумбирот има антибактериски, антигабични и антитоксични својства и затоа се користи како превенција од грип и настинка.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!