Русинка има 23 години и 11 деца: Со сопругот кој е милионер сакаат уште деца а ќе потрошат 1,5 милиони долари

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Кристина Озтурк (23) го сака семејниот живот со нејзиниот сопруг, бизнисменот Галип Озтурк (56), а парот е подготвен да потроши 1,5 милиони долари на сурогат-мајчинство.

Најстарата ќерка Вика, Кристина ја родила пред шест години „Останатите деца се генетски од мојот сопруг и мене, но ги носеше сурогат-мајка“, вели младата мајка. Најмалото дете на двојката е 11-месечната Оливија.

„Не знам колку ќе има на крајот, но сигурно не планираме да застанеме на 10. Не сме подготвени да разговараме за конечниот број“, рече таа. Двојката живее во градот Батуми во Грузија, каде е легално да се користи сурогат мајка за време на бременоста, а процесот чини околу 8.000 евра.

Кристина, родена во Москва, била самохрана мајка кога одмарала во приморски град и го запозна својот сегашен сопруг Галип, бизнисмен по потекло од Турција. Наскоро започнале да се забавуваат, а таа се преселила во Батуми, каде сега уживаат во семејниот живот.

НАЈЧИТАНИ ОБЈАВИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!