Се оствари неславното предвидување на Баба Ванѓа за 2022 година

Кога најпознатата јасновитка во светот, Баба Ванѓа, го напушти овој свет во 1996 година, таа остави низа пророштва до 5079 година.

Меѓу овие пророштва има и такви кои се однесуваат на 2022 година, а едно од нив, верувале или не, дури и се оствари. Баба Ванѓа во минатото веќе знаеше да погодува, односно да предвиди дека одредени настани ќе се остварат.

Да речеме, таа ја предвиде смртта на принцезата Дијана, го предвиде 11 септември и терористичкиот напад на кулите близначки, како и тоа што Барак Обама ќе стане претседател на САД.

Ванѓа веќе имаше точни предвидувања за оваа година. Предвиде дека делови од Азија и Австралија ќе бидат погодени од разорни поплави, а тоа на крајот и се случи. Предвиде и дека годинава ќе има невидени суши и дека многу градови ќе останат без вода. Токму тоа и се случи во Обединетото Кралство, кое прогласи суша на 12 август.

Има уште предвидувања
Страшно е и во Португалија и Италија, каде што граѓаните се повикуваат да ја штедат водата и каде е прогласена најтешката суша од 1950 година. Тоа се веќе две предвидувања кои таа ги погоди за оваа година. А, што е следно? Ванѓа тврдеше дека ќе нѐ погоди наезда од скакулци, како и глад.

Ванѓа предвиде и нова пандемија, но овој пат станува збор за смртоносен вирус кој истражувачите случајно го откриле во Сибир. Предвидела и глад во Индија, наезда на скакулци, екстремни температури…

Баба Ванѓа, родена како Андромаха Сурчева, потоа со додадено второ име Евангелија, била Македонка од Струмица која останала слепа уште на 12 години откако силен ветер ја однел од место и при пад ја повредила главата, а ја нашле затрупана во песок.

Во 1942 година се омажила за бугарскиот војник Димитрија Гуштеров, по што се преселила во Петрич и остатокот од животот го поминала во соседна Бугарија. Тврдела дека е потомок на македонската кралица од династијата Проломеи и последен владетел на Египет, Клеопатра.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!