Син ми со месеци го болеше глава: Кога ми покажа цртеж, веднаш го однесов во болница

Седумгодишниот Емер Ерулкероглу со месеци се жалел кај мајка си дека има главоболка, а таа исто толку време се обидувала да дознае што го мачи нејзиното дете.

Сепак, дури кога го видела цртежот на синот, почнала да се сомнева дека можеби станува збор за тумор. Здравствените проблеми кај Емер почнале едно утро се разбудил со главоболка која го терала на повраќање.

Го однеле во болница, лекарите се посомневале дека има мигрена и го пратиле дома. Тогаш почнале да му се јавуваат главоболки кои траеле и по неколку недели.

На инсистирање на родителите, лекарите конечно се согласиле да направат детални анализи и да го пратат на магнетна резонанца. Дијагнозата била циста во пинеалната жлезда на мозкот, но тие и понатаму сметале дека таа не е изворот на неговите главоболки, па повторно ги пратиле дома.

Разбирливо, состојбата му се влошувала за конечно да сфатат дека цистата прераснала во цистичен тумор кој не е возможно да се оперира. Направена му е лумбална пункција и ендоскопска вентрикулостомија, а моментално е на чекање и надгледување.

И додека во моментов не ѝ преостанува ништо друго, освен да чека и да се надева на добри вести, мајката Тифани ја сподели својата приказна на страницата The Brain Tumor Charity, за да ги предупреди и другите, особено родителите, на сипмптомите за тумор на мозок.

Таа нагласува дека треба да се инсистира повеќе и посилно за лекарите да превземат апсолутно се’ што можат, за да не се соочат со истите проблеми или, не дај боже, да биде предоцна.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!