Слепа девојка сонила каде да копа за да открие лековита вода – денес на тоа место има манастир

Некаде на 12 километри одалеченост од Кочани, се наоѓа еден убав манастир Свети Пантелејмон.

Во близина на овој манастир се наоѓа едно симпатично село Пантелеј, на падините од Осоговските планини, а целото тоа место освен што ќе ве плени со несекојдневна убавина, претставува и воздушна бања со чист планински воздух и повеќе природни извори на вода.

- Advertisement -

Токму во близината на ова селце од бајките, се наоѓа манастирот посветен на светецот Пантелејмон, а чиј ден се празнува на 9 август.

Водата која извира во манастирот е света и лековита, барем така тврдат мештаните. Постои една легенда поврзана со ова место, а која вели, дека на некоја слепа девојка која се викала Нејтана, еден ден и се сонило местото каде требало да копа за да најде лековита вода.

Девојката по овој сон многу се вознемирила, но сепак заминала во потрага и го пронашла токму местото од својот сон. Таа долго копала, копала… додека рацете и прокрвариле, па до толку се изнемоштила што на крајот паднала тешко болна.

- Advertisement -

На смртната постела им ја открила својата тајна на селаните и им оставила аманет да го продолжат нејзиното копање и да го пронајдат изворот со лековитата вода.

По нејзината смрт селаните продолжиле со копање и навистина ја пронашле водата која денес се наоѓа во манастирот, веднаш до олтарот.

Под манастирот има уште еден извор, за кој пак се верува дека е единствен од таков вид во Македонија. Наречен е ЦРНА ВОДА, а истекува од длабнатината на еден црн бор.

- Advertisement -

За овој извор се верува дека лекува болести поврзани со коските, мускулите и зглобовите. Од оваа вода се пие со мало лажиче. На ова свето место, на денот на празникот на 9 август доаѓаат илјадници верници за да се помолат и да се напијат од светата вода, со верба и надеж за здравје.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!