Со детектор за метал ја барал бурмата на својот пријател па нашол вистинско богатство, толку многу големо што почнал да плаче

Кога овие двајца пријатели тргнале со детектор за метал да ја бараат бурмата на еден од нивните пријатели не ни сонувале дека дома ќе си заминат побогати за 100.000 фунти.

Пол Рајнард (44) почнал да плаче кога заедно со својот најдобар пријател Мајкл Гвинем (52) наишол на вистински “ќуп со злато“ на 29-ти октомври. Тие двајца на ливада во Северна Ирска пронашле 84 златни монети кои датиралаат од 1500-те години, пишува британскиот “Metro“.

Експертите му кажале на Пол дека една ретка монета која била заедно со останатите, а го имала ликот на Хенри VIII би можела да вреди 5.000 фунти. Имало и една монета од 1546-та годна кога владеел Едвард VI која би можела да вреди околу 3.000 фунти.

Пол и Мајкл биле на одмор кај некој нивни пријател фармер кој ги замолил да му помогнат да ја најдат неговата бурма која ја загубил на некое од полињата. На почетокот нашле само потковица, а потоа инженерот пронашол цел ќуп со злато.

„Ова е моментот за кој сонувавме“ – изјавил Пол. „Беше тоа неверојатно чувство како она кога ги проверувате бројките од лотаријата и сте добиле џекпот. Треперев. Сè  уште не ми се верува“ – изјавил Рајнард иначе татко на две деца.

Металните монети моментално ги проверуваат во Музејот во Алстер, но експертите рекле дека би можеле да достигнат вредност до 100.000 фунти. Што се однесува до бурмата, таа и понатаму е некаде изгубена во ливадата.

- Advertisement -

АКТУЕЛНО

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

error: Содржината е заклучена!